Вести Магазин Најважни

Знаеле дека е обвинител кога се обиделе со нож да го убијат кога им барал да го пропуштат неговиот автомобил- обвинителот се спасувал со истрел од службен пиштол

30-дневен притвор за двајца осомничени за обидот за убиство на јавен обвинител од Гостивар. Поведена е постапка и против третиот напаѓач. Осомничените заедно со 17-годишниот малолетник во Чегране го запреле автомобилот на обвинителот и малотелникот со прободил со нож, а обвинителот го искористил својот службен пиштол и со пукање во воздух го запрел инцидентот.

Три лица, двајца полнолетни и еден малолетник, се осомничени за обид за убиство на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар. Против нив постапка поведе тетовското обвнителство, за да се обезбеди непристрасност на истрагата.

Од таму информираат дека инцидентот се случил во раните утрински часови на 21 ноември, кога осомничените соизвршители, заедно со малолетник на возраст од 17 години, се обиделе со умисла да го лишат од живот јавниот обвинител. Оштетениот со својот автомобил и негов роднина се движел по патот низ селото Чегране, а еден од осомничените бил застанат со автомобилот сред пат пред куќата на другиот осомничен

-Во тој момент јавниот обвинител им блиндирал со светлата за да го ослободат патот. Откако оштетениот поминал со возилото, осомничените со автомобилот продолжиле да го следат, па кога застанал започнале да го навредуваат и агресивно да се однесуваат затоа што им блиндирал, соопшти обвинителството.

-Оштетениот им се претставил дека е јавен обвинител и дека доколку има потреба ќе повикаат полиција за да го расчисти настанот. Сите тројца осомничени започнале да го удираат, а малолетникот од џебот извадил нож со кој му задал убодна рана во задната десна страна од градниот кош. Потоа се обидел да го прободе уште еднаш. Гледајќи дека осомничените имаат намера да го довршат делото и да го лишат од живот, оштетениот извадил пиштол кој го поседувал со дозвола и испукал предупредувачки куршум во воздух со што ги запрел,

Против двајцата полнолетни соизвршители донесена е Наредба за спроведување истражна постапка. Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово го прифати предлогот на јавниот обвинител и им определи притвор во траење од по 30 дена. За малолетникот, пак, постапката ќе се води според Законот за правда на децата.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Експертско предупредување за креми за изгореници кои се продаваат на интернет- кочанската болница има услови за третман на повредените во пожарот, но нема кадар и материјали

Дејан Дејан

Тумановски: Секоја брза правда носи и голем број на недостатоци

Дејан Дејан

Промовирана првата директна авиолинија на Туркиш Ерлајнс, Истанбул – Охрид 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе