Култура

(видео) Сатирично документарно видео „Камел Трофи Аеродром 2021“

Центарот за современи уметности – Скопје објави сатирично документарното видео „Камел Трофи Аеродром 2021“, кое е продуцирано со желба да се помогне на неколку илјади жители од општина Аеродром кои повеќе од четири години секојдневно газат прав и/или  кал за да стигнат до своите домови во одредени делови на Аеродром  особено околу улиците Владимир Комаров, Руди Чајавец и булеварот АСНОМ.

„Имено иако инвеститорите (овој пат нема да навлегуваме во квалитетот на дуповите и јавниот простор) уредно платиле комуналии кои изнесуваат и по неколку стотици илјади евра за уредување на базичната инфраструктура,  општината Аеродром и после повеќе од 4 години ги нема уредено сервисните улички,  пристапните патеки и паркинг површните иако тоа претставува нивна обврска за која граѓаните платиле и преку комуналиите и преку своите даноци. Се надеваме дека на овој начин преку ова сатирично видео ќе допреме до надлежните и на ваков несекојдневен начин ќе ги презентираме проблемите на грѓаните и ќе ги натераме надлежните да реагираат и да ги решат овие проблеми“, пбјаснуваат од Центарот за современи уметности – Скопје.

Од центарот се надеваат дека Камел трофи 2022 ќе се одржи на некое друго место и 4х4 рели полигоните во Аеродром ќе бидат заменети со оплеменети урбани површини.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Љутков: Ниту еден член на ниту еден УО не е променет тенденциозно, промени има само поради истечен мандат

Дејан Дејан

Недостасуваат конзерватори во македонските музеи

Дејан Дејан

Министерството за култура разрешува членови на Управни одбори кои ги прифатиле приговорите за мартовските плати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе