Вести Македонија Топ вести

Сите советници од Аеродром потпишале изјава со името Република Македонија

Сите советници од Аеродром и од власта и од опозицијата ја потпишале свечената изјава со името “Република Македонија”.

Се повикуваат на членот 38 од Законот за локална самоуправа во кој е нaведено дека ќе го почитуваат Уставот, законот, прописите на советот и ќе го штитат уставниот поредок на Република Македонија.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски признава дека во законот се уште стои името “Република Македонија” а измените во кои ќе биде наведено  новото уставно име се уште не биле доставени до Собранието затоа што  за нивно усвојување било неопходно двотретинско мнозинство што во моментов тешко може да се обезбеди.

Сепак Милевски  повикува сите единици на локалната самоуправа да го почитуваат  Уставниот закон и да не прават политички маркетинг.

Реагираше и Министерството за надворешни работи.

Бара од советниците да го почитуваат уставното име Република Северна Македонија.

“Министерството за надворешни работи, следејќи ги ваквите појави по завршувањето на локалните избори и при конституирањето на определени совети во општините, повикува на доследна примена на уставните одредби во согласност со Преспанскиот договор, имајќи предвид дека непочитувањето на Уставот и на ратификуваните меѓународни договори сериозно го нарушува меѓународниот углед на државата и го поткопува правниот поредок на Република Северна Македонија” – соопштија од МНР.

МНР упати апел до Министерството за локална самоуправа да реагира соодветно и да преземе мерки за извршување на спогодбата.

Јулијана Лефковска Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе