Култура

Во МКЦ утре вечер се отвора „ Пандорината кутија“

Во Младинскиот културен центар утре вечер ќе се одржи премиерата на претставата “Пандорината кутија – Наследството на ќерката”,  работена по текст и во режија на Ришард Ниечим од Канада. Проектот е дел од циклусот претстави на авторот, под заедничкиот наслов „Древни огледала-Современи гласови“.
Претставате е во 2 чина. Првиот ги претставува древните гласови или патријархалната херојска перспектива на мажите и машките богови и божици на античка Грција во однос на жените и женственоста. А,  во вториот чин се претставени современите гласови на наследената патријархална херојска перспектива на современите мажи и жени, без потхранувачките митови за античките богови и божици и наследената борба на жените за ослободување на сопствениот глас.
Претставата ги поставува прашањата кои се денес ќерките на Пандора, што сториле тие со нивното наследство, што се сменило за овие 30 века од Хесиод наваму, во улогата на жените и женственоста во западната цивилизација, кои се последиците со губењето на митовите врз психата на мажите и на жените и дали западната култура денес има потреба од исцелување и како да се направи тоа?
Во претставата настапуваат актерите Јасмина Билаловиќ , (која ги игра улогите на мајката и ќерката Пандора) и Златко Митрески , како музичар и воедно автор на музиката за претставата. Асистент на режија е Ивана Балабанова, сценографијата е на Мартин Манев , костимите се на Павел Маслов, а асистент на проектот е Симона Димковска.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонската публика имаше можност да ужива во концертот на легендарниот Пласидо Доминго

Дејан Дејан

„Светот што го избрав“ од Калина Малеска добитник на наградата „Роман на годината“

Дејан Дејан

(Видео) Дваесет години музичко творештво – разговор со единствениот Тони Зен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе