Ракомет Спорт

Ракометарите почнуваат со подготовките за ЕП

Македонската ракометна репрезентација од денеска почнува со мини подготовките за двата контролни дуели со селекцијата на Египет што ќе се одиграат во рамките на ЕХФ неделата.

Предводникот на националниот тим Кирил Лазаров на располагање ќе има 22 ракометари кои се во комбинација и за настап на претстојното Европско првенство кое на почетокот од следната година ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Мечевите со Египет ќе се одиграат на 4 и 6 ноември, а во следниве денови нашите репрезентативци ќе тренираат во Скопје по што следува заминувањето за Каиро.

Лазаров на располагање ќе има и неколку помлади играчи кои преку овие мечеви ќе се обидат да изборат место во националниот тим, а од стандардните го нема само Дејан Манасков, кој поради повреда на коленото ќе го пропушти учеството на континенталното првенство.

СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ

Никола Митревски, Мартин Томовски, Градимир Чакевски, Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски, Гоце Георгиевски, Ненад Костески, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Филип Талески, Филип Кузмановски, Павле Атанасиевиќ, Михајло Младеновиќ, Филип Миркуловски, Марко Мишевски, Игор Ѓоргиев, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Томислав Јагуриновски, Марко Митев, Кристијан Симоновски

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ракометарките на Ѓорче Петров ја освоија двојната круна

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски го донесе првиот трофеј за Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе