Спорт Фудбал

Шампионот го пречекува Тиквеш, Ренова му гостува на Скопје

Попладнево ќе се комплетира 12. коло во домашниот фудбалски шампионат. Второпласираниот тим на табелата Ренова му гостува на Скопје кој на последниве три средби ја нема почувствувано горчината на поразот, а воедно составот предводен од Љупчо Марковски има две победи во низа.

Бранителот на трофејот Шкендија го пречекува Тиквеш, а Работнички кој во финишот од првиот круг на првенството има серија од четири натпревари без победа гостува во Велес каде ќе се соочи со Борец, кој пак пет средби едно по друго нема освоено цел плен.

Во дербито на долниот дел од табелата Пелистер ќе се обиде на дуелот со Македонија ЃП конечно да ја забележи првата победа во првенството додека гостите очекуваат да прекинат низата на лоши резултати.

Сите натпревари почнуваат во 14 часот.

ПМФЛ – 12. КОЛО

БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ

СКОПЈЕ – РЕНОВА

ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП

ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ

СТРУГА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе