Вести Култура

Актерот Петар Мирчевски е добитник на наградата за животно дело „4 ноември“

Наградата „4 ноември“ која ја доделува Општина Битола по повод Денот на ослободувањето на градот Битола, оваа година ќе му биде доделена на актерот од битолскиот народен театар, Петар Мирчевски.

Претседателот на Советот на Општина Битола, во изјава за Телма рече дека за наградата за животно дело имало петмина пријавени, додека пак за едногодишна награда од седумте пријавени кандидати, никој не го добил потребното мнозинство од комисијата.

Петар Мирчевски е актер со 42 години актерска кариера. Негова матична куќа е Народниот театар во Битола. Мирчевски глумел со бројни светски актерски имиња меѓу кои и Моника Белучи, соработувал со Раде Шербеџија, Емир Костурица, Милчо Манчевски и многу други, а играл во над 40-тина филмови и серии.

Во својата кариера, Мирчевски играл во околу 150 претстави. За своите улоги, тој е добитник на повеќе награди, како: „4 ноември“, „Млад борец“, „Војдан Чернодрински“ (трипати), Екрановата награда, „Златна маска“ на Охридско лето и наградата за животно дело „Петре Прличко“. Во 2011 година ја добил наградата на театарскиот фестивал „Денови на Нушиќ“ кој се одржал во Смедерево, Србија., наградата ‘Златна рамка’ од Друштвото на филмски работници. Во 2019 година, Мирчевски ја добил наградата „11 Октомври“ за животно дело.

Инаку. добитници на наградата за животно дело „4 ноември“ која е воведена од 2002 година досега се: 2002 – Тоде Ивановски (ликовен уметник), 2003 – Коста Хаџи Антоновски (ликовен педагог), 2004 – Јоана Поповска (глумица), 2005 – Владимир Костов (писател), 2006 – Петар Стојковски-Бабец (актер), 2007 – Ѓорги Цолев (историчар), 2008 – Љубо Трифуновски (диригент), 2009 – Јане Димулковски (лекар), 2010 – Димитар Котевски (лекар), 2011 – Архимандрит Партениј Фидановски (игумен на Бигорскиот манастир), 2012 – Љубиша Георгиевски (режисер), 2013 – Александар Стерјовски (историчар), 2014 – Вера Стојчевска-Антиќ (писателка), 2015 – Ѓорги Здравев (музички педагог), 2016 – Милица Шперовиќ-Рибарски (пијанист и основач ИФК „Интерфест“), 2017 – д-р Трајко Огненовски (професор по книжевност и лингвист), 2018 – Виолета Томовска (пејачка), 2019 – Благој Стефановски-Баге (глумец) и 2020 – Петар Георгиев-Калица (композитор).

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД донираа ново мобилно опертивно возило за Црвен крст за справување со кризи

Дејан Дејан

Комората на трговци незадоволна од скалестата маржа, бара нова средба со Владата

Дејан Дејан

Проектите на пауза, поддршката од УСАИД на ревизија – амбасадорката Агелер вели „тука сме, САД не заминуваат“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе