Вести Економија Македонија

Сојузот на синдикати на Македонија бара зголемување на платите на работниците

Поради зголемувањето на цените на храната и енергенсите, Сојузот на синдикати на Македонија бара зголемување на платите на работниците бидејќи во спротивно предупредуваат дека ќе има тренд на осиромашување на граѓаните.

Сојузот на синдикатите на Македонија оправдано во изминатиот период укажува и бара минималната плата да изнесува најмалку во висина од 60 проценти од просечната плата, а во таа насока ја разбираме и изјавата и иницијативата до крајот на 2021 година да се зголеми минималната плата на 18.000 и со такво зголемување на минималната плата, истата ќе изнесува околу 63 проценти од просечната плата со што би се оствариле заложбите на синдикатот и барањата на работниците, велат од ССМ.

Во следниот период, според ССМ, треба да се размислува и за промена на законското решение со кое ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 проценти од просечната плата, како и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата.

Пресметките на ССМ покажуваат дека минималните трошоци на едно четиричлено семејство во август изнесувале 34.342 денари што значи дека потребни се отприлика две минимални плати за да се покријат основните месечни потреби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот на Буџетот за 2026 повеќе пари за капитални инвестиции и стабилни јавни финансии

Дејан Дејан

(видео)Жерновски: Во која европска земја после Бугарија, има најмногу бугарски државјани во својата влада?

Дејан Дејан

Инфлација под 3 проценти, анализа на цените – Кога ќе поевтини храната?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе