Македонија Најважни

Пописот пред крај – граѓаните непопишани

На три дена пред крајот на пописот граѓани реагираат дека кај нив попишувачите сѐ уште не поминале. Таква сцена денеска забележавме во општината Ѓорче Петров.

Кај црвената зграда е попишано, во нашата портокалова, не е. Јас сум стално дома, не знам, ни изјави една незадоволна граѓанка.

А во населбата Лисиче на бандера се закачени повици до граѓаните да одат да се попишат во општината Аеродром. Кога се јавивме на еден од оставените телефонски броеви на попишувачите, ни беше речено дека тие ги завршиле реоните, дека се ставени да дежураат во месните заедници за попишување, каде непопишаните граѓани можат да се попишат.

Директорот на ДЗС, Апостол Симовски демантира дека попишувањето по домовите е завршено. Според него, од ДЗС не оставаат вакви информации по бандери, туку непронајдените граѓани од попишувачите се информираат со формилари  или телефонски броеви оставени пред нивните домови, за да се договорат со попишувачите повторно да поминат кај нив.

Имаме многу такви сили кои прават се пописот да не се реализира како што треба. И им прават вакви дезинформации на граѓаните, вели Симовски.

И од општината Ѓорче Петров, негираат дека попишувачите не се на терен.

Имаме во комисијата едно лице , попишувач каде што можат да дојдат граѓани кои што треба да патуваат или не се тука евентуално до четврток. Значи можат да се попишат тука. Инаку попишувачите се на терен. Не е точно дека се повлечени, Ленче Неданоска, државен инструктор во пописен реон „Ѓорче Петров“.

Од ДЗС ги повикуваат граѓаните да ги пријавуваат , како што велат, произволните изјави од попишувачи дека пописот на терен е завршен. Попишувањето по оштините е со цел да ги опфати сите граѓани, велат од таму.

По било кој основ попишувачот бил, ама не ги нашол, не биле тука, биле на пат, сепак имаме продолжено лето, граѓаните биле по викендици, по куќи и станови во овој период и не биле тука кога бил попишувачот, вели Симовски.

Пописот завршува на 30 септември. Заклучно со вчера се попишани над 1 милион 540 илјади и 300 граѓани.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе