Вести Код Македонија

КОД: Како дипломати во Македонија, станаа тајни агенти во Ерменија- Дипломатскиот скандал без одговори и одговорност

Дипломати дома, а во Ерменија како тајни агенти што помагале во бегство. Целата приказна за двојната улога сега се пресели во Врање, каде отидовме по одговори кои во Скопје ги нема. Како  може дипломат да биде уапсен и притворен.

Уапсениот Миле Миленкоски е во затвор, во екстрадициски притвор кој може да потрае најмногу една година. Во меѓувреме во Вишиот суд во Врање ни соопштија детали од предметот. Меѓу првото што дознавме е дека Миленкоски бил уапсен и покрај тоа што се повикувал на дипломатскиот имунитет на граничниот премин Прешево.

Оправдувањето кое лежи во вишиот суд е дека кога идентитетот на Миленкоски од меѓународната  потерница со ознака „АПСИ„ се поклопил со идентитетот на дипломатот Миленкоски.

Тогаш полицајците постапиле поинаку од она предвиденото според виенската конвенција, во што не воведе искусниот дипломат Дабиќ кој претходно и бил македонски амбасадор во ОБСЕ во Виена и често минувал по истиот пат како уапсениот Миленкоски- кој всушност паѓа во српски затвор како заменик-шеф на мисијата во ОБСЕ.

КОД: Вие бевте амбасадор во ООБСЕ, сигурно сте патувале често по истата рута. Можно ли е да се случи такво нешто?

Зоран Дабиќ, претседател на македонски дипломатски синдикат: Често сум поминувал и никаков проблем не сум имал. На граница се пријавуваш со дипломатски пасош и веднаш без никаква проверка се пропушта. Буквално преминот се одвива за една минута.

-Преминување низ трети земји е регулирано со член 40 од Виенската конвенција. Доколку има патување од земјата домаќин до земјата на потекло, трети земји не треба да попречуваат дипломат во патување. Го има и она правило за дипломатски курир, кога дипломат пренесува дипломатска пошта преку трета земја. Тоа ние го нарекуваме дипломатска торба. Полицајци или претставници на државата не смеат да вршат никаква проверка на дипломатска пошта или на дипломатско возило, објаснува Дабиќ кој е поранешен амбасадор во НАТО и во ОБСЕ, а бил и дипломат во САД.

Но, на Прешево, на 27-ми август околу 19:30 часот се случило поинаку стои во судскиот предмет во Врање. (продолжува по линкот подолу)

Полицајците се јавиле во Белград во српското МНР и прашале дали има било каква информација за премин на дипломатот од меѓународната потерница.

Од Белград на граничните полицајци им било кажано дека од Скопје нема никаква дипломатска нота или известување дека дипломат со тој идентитет ќе ја преминува територијата на Србија. И наспроти правилата, Миленкоски е однесен во суд, па во притвор.

Тој всушност со сопругата влегол во Србија без никаков проблем, никој не му го проверувал идентитетот поради дипломатскиот пасош како што е пракса.

Всушност Миленкоски се задржал на новото работно место во ОБСЕ во Виена само една недела иако праксата е нов службеник во претставништво, амбасада, конзулат или мисија е дека треба да се задржи најмалку еден месец за да ги заврши сите процедури во земјата домаќин, но и да ги преземе обврските во мисијата.

Миленкоски не го испочитувал тоа правило и по само 4 дена служба во Виена со сопругата тргнал назад во татковината и заглавил во затвор.

Миомир Серафиновиќ

КОД почнува со нова сезона вечерва во 19:15. Покрај истражување за најголемиот дипломатски скандал во историјата на државата, повеќе и за случајот со тајванска измамничка мрежа која функционирала од скопско Бардовци пред да биде откриена и депортирана.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски приватно преку ПР агенција „Дашл груп“во Вашингтон но не ѝ на инаугурација

Дејан Дејан

Министерство за правда на САД: За спроведување на забраната за TикТок ќе биде потребно време

Дејан Дејан

Трамп се уште нема одлучено дали ќе го банира ТикTок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе