Ковид19 Македонија Најважни

Десетмесечно бебе од Кичево меѓу новоинфицираните, кластер од 30 млади луѓе кои биле во Охрид

588 нови случаи на Ковид – 19, од направени 5.780 тестирање, осум смртни случаи во едно деноноќие, односно двојно повеќе од вчера. Министерството за здравство информира дека дека седум од починатите биле хоспитализирани, а еден починал во домашни услови, сите се од возрасната група меѓу 51 до 74 години. По двајца починати се од Тетово и Гостивар, едно од Скопје, најмладиот 51 година е од Прилеп, 65 – годишен пациент од Велес и најстариот 74 годишен е од Кичево. Состојбата со ковид – 19 во земјава се влошува. Неделната споредбена статистика покажа дека земјава е во фаза два, каде се регистрирани кластери на случаи во одредени региони.

А еве како се распоредени новите позитивни на ковид – 19: 230 се од Скопје, 101 од Тетово, Гостивар – 82, Кичево – 48, Дебар – 17, Охрид и Струмица – по 16, Куманово – 15, Струга –11, Битола – 8, Кавадарци и Свети Николе – по 6, а останатите градови имаат заболени помалку од пет пациенти.

Од министерството за здравство попладнево за Телма информираат дека и десетмесечно бебе од Кичево е меѓу новоинфицираните со коронавирусот но, тоа ќе влезе во утрешната статистика.

Последниве неколку седмици Кичево се најде во водечката група на градови по број на новозаболени. Се  појавија повеќе нови кластери од кои еден од 30 млади лица, кои изминативе 10 дена биле на одмор во Охрид. Како што информираат од тамошната болница денес се хоспитализирани 22-ца пациенти од кои шест се на кислородна подршка, додека една особа, која може да биде пренесена во Скопје е во исклучително тешка состојба.

Министерството за здравство не дава информации кои од новоинфицираните се со новиот делта сој, кој е најлесно пренослив и најприсутен кај младите. Инфектолозите и досега алармираа дека младите на возраст меѓу 20 и 29 години група е во ризик поради бројните контакти и малиот број на вакцинирани меѓу нив.

Според податоците од Институтот за јавно здравје регистрирани сe 26 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.269 бројката на оздравени пациенти е 150.613, починаа 5.521-но лице, а бројот на активни случаи изнесува 3.135.                   

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски пораз на СДСМ, не и најголема победа на ВМРО-ДПМНЕ

Битиќи, Тренчевска и Костадинов поднесоа оставки по убедливиот изборен пораз на СДСМ

Дејан Дејан

Како СДСМ за првпат станува трета политичка сила во македонскиот парламент, распоред на силите во новиот парламентарен состав

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе