Вести Македонија Топ вести

Од уривање ќе куртулат и дивоградбите во заштитените културни подрачја

Дивоградбите кои се водат како куќи за домување иако се изградени во национални паркови и заштитени подрачја, како и на охридското крајбрежје кое е под заштита на УНЕСКО сепак ќе може да се легализираат. А од рушење ќе куртулат и куќите кои иако се во заштитено подрачје сепак влегуваат во „зони за одржливо користење“. И во двата случаи со согласност од надлежен орган. Ова се новите решенија кои ги изработи Министерството за транспорт за легализација на дивоградбите, откако првиот закон кој сложно го изгласаа пратениците не помина кај претседателот Пендаровски. Но и ова  решени за експертите е само шминка.

Суштинаски измени нема, тој претставува само некакво замаскирање каде се провејуваат истите проблеми. На пример во член 4 се најавува некакво намалување или ограничување дека не смее да се гради во заштитни подрачја или дека А2 објекти нема да смее да се легализираат како дивоградби, но сепак зони за одржливо користење и те како А1 објектите би можеле да се легализираат.  Исто така дозволува и правни лица, не само физички лица дури и локална самоуправа и верски заедници, при што локална заедница и верски заедници дури не подлежат на плаќање комуналии, вели архитектот андреј јаков. 

За Јанков спорна е и одредбата која дозволува дивоградбите да се легализираат иако не нодговараат на класата на намена која што е дадена според урбанистичката планска документација. Се остава на општините сами да одлучат дали ќе се вклопи во идните планови. Вели  жестоко ќе реагираат на предлогот кој за него практично е амнестија на дивоградбите во земјава.

 Практично никој нема да одговара затоа што направил дивоградба. Буквално амнестија на дивоградбите во Македонија се случува сега како што беше и со претходниот, кој што беше еден од најштетните закони што ги донесоа ми се чини. Ова е апсолутно само шминка. Ние не би смееле ова да го земаме во обзир да ги третираме тие бесправно изградени објекти, можеби да навистина каде што одговараат на урбанистичките планови и се вклопуваат во истите, по класа на намена и габарит. Доколку навистина лицата се од социјално загрозени категории кои што ги изградиле за д аимаат каков таков дом. Меѓутоа каде што се споменуваат правни лица и верски заедници мислам дека нема никаков резон тие да бидат опфатени со закон за легализација на бесправни објекти

Со новото решение ќе може да се легализираат дивоградби изградени до 1 јануари 2021, а нема рок до кога ќе трае законот. 1 барател ќе може да легализира 1 објект, како доказ наместо нотарска изјава сега ќе треба да достави сметки за платени режиски трошоци. Нема да може да се легализиаат базени, гаражи,времени објекти, помошни простории, згради. За легализација на дивоградба до 80 квадрати ќе се плаќаат за 50 проценти зголемени комуналии, а за тие над 80 квадрати 100 проценти повисоки комуналии. Ослободени ќе бидат лицата со ниски примања, кои имаат до 3.000 евра годишен приход.

Предлог- Законот веќе е ставен на ЕНЕР, забелешки можат да се достават во нередните  20 денови.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во урнатините на Кан Јунис пронајдени 392 мртви тела

Дејан Дејан

Новинарите во Србија подлегнуваат на самоцензура поради закани

Дејан Дејан

Како се трошат милиони: Десет од избирачки одбор пребројувале 7 гласови и чекаат втор круг на далечниот исток

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе