Македонија

Додели 70 % од становите во социјалната зграда во Струмица

Прелиминарно доделени 70% од становите од новата социјална зграда во Струмица. По повеќе од две години од изградбата, од денеска 23 семејства на самохрани родители, деца без родители, социјално загрозени и семејства со лица со попречености се на чекор до нов дом.

Распределбата на становите е електронска, а од утре комисија ќе ја утврдува и фактичката состојба на избраните кандидати по што ќе бидат доделени решенијата.

Од вкупно 37 станови, услови се исполнети за доделување на 23. За останатите дополнително ќе се одлучува.

Ваквиот исход остави и среќни, но и многу незадоволни граѓани.

Становите се со големина од околу 45 метри квадратни.

Закупнината за нив ќе биде околу 650 денари месечно.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се прават пресеци, се гасне на земја и од воздух, една куќа во Бучиште изгоре, неколку се опожарени – беснеат пожари во Штип и Пробиштип

Sasko Dimovski

МВР поднесе кривична пријава за „насилство врз дете“ за прободениот малолетник во Ченто

Sasko Dimovski

Изборниот законик доби дополнителен грејс период да биде донесен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе