Економија Топ вести

Лукаревска: Изречени се повеќе од 400 глоби за неиздавање фискални сметки

Управата за јавни приходи (УЈП) по завршувањето на најголемиот бран на Ковид кризата спроведе огромен број на контроли кај даночните обврзници за неиздавање фискални сметки на територијата на целата држава и изрече повеќе од 400 глоби, потврди денеска директорката на УЈП Сања Лукаревска.

-Уште првата година по воведувањето на апликацијата „МојДДВ“ за граѓаните имавме огромен број на пријави за неиздавање на фискални сметки кои одеа преку анонимни пријави од страна на граѓаните во канцелариите на Управата, преку линијата 198 и на јавни социјални медиуми. Врз основа на тоа сме постапиле насекаде. Направени се огромен број  на акции и на контроли, рече Лукаревска во одговор на новинарско прашање на денешнатапрес-конференција по повод  ,,Две години МојДДВ со граѓаните”.

Во периодот кога беше најголемиот бран на Ковид кризата, додаде, одевме само превентивно која сите даночни обврзници.

-По завршувањето на бранот имаме  направено огромен бројна контроли и изречени се повеќе од 400 казни, односно глоби за даночните обврзници низ целата држава, прецизира Лукаревска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Претседателката Сиљановска за судските реформи: Без финансиски средства нема независно судство

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Владеачкото мнозинство ги одбива амандманите за Закон за судска служба

Дејан Дејан

Земјоделците да се внимателни кога наводнуваат и користат механизација во близина на далекуводи – последиците можат да се сериозни предупредија од АД Мепсо

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе