Вести Код Македонија Најважни

КОД ОТКРИВА НА КОИ ФИРМИ РКЕ МОЖЕ ДА ИМ ЈА ОДЗЕМЕ ЛИЦЕНЦАТА ЗА УВОЗ НА МАЗУТ

Погоните на поранешна Тетекс во Тетово повеќе не работат, а просторот станал дом на фирма која текстилот од погоните го заменила со отпадно масло. Се занимава со негово рафинирање, но според информациите на КОД до сега никој не го истражувал крајниот производ. Прва алармирала регулаторната комисија за енергетика уште во 2018 та година кога лоцирала сомнителни трансакции од продажба на мазут, нешто за што фирмата немала ниту побарано ниту добиено лиценца токму од регуалторна која е надлежна за тоа. Испратила допис до пазарниот инспекторат, но ништо.  Не добила одговор. Втор пат алармирала до истата институција во 2020 кога пак забележала трансакции. Изворите на код се сомневаат дури и во финалниот производ мазутот и тоа шт осодржи во него. Сметаат дека се работи за отпадно масло кое само се преработува и по тоа се продава на домашниот пазар за потребите на индустриски капацитети. Според извори од инспекторатот за животна средина дел од производството на оваа фирма завршило и во кавадаречки поранешен Фени како мазут.

Бидејќи конечно и фирмата Блу Енерџи влезе во листата која ги истражива пазарниот инспекторат се поизвесно е дека ќе се бараат санкции за неа.

Уште три фирми претходниве две недели биле сомнителни за Државниот пазарен инспекторат дознава КОД. Откриени се неправилности при работењето и тоа кај фирмата РКМ за која КОД веќе пишуваше дека на Хрватска граница и беа пресретнати цистерни кои носеа наводно мазут а тамошните власти открија дека сепак се работело за отпадно масло. РКМ е фирма на Ратко Капушевски а сега добро упатени извори брифираат дека за неа ќе се бара од РКЕ да и ја одземе лиценцата. Не ја исполнила законската обврска да чува залихи во магацините за кои пак КОД веќе објави дека се само фиктивни складишта. Други две фирми кои се сомнителни за инспекторатот се Евротим од Кичево и Супертрејд од Скопје брифираат извори од истрагата. Магацинскиот простор бил проблематичен и кај овие две фирми, но дополнително е утврдено дека во мазутот со кој тргуваат се присутни поголеми количини на други материи од дозволеното. За кичевската наводно е утврдено дека има поголема количина на пепел во мазутот, а за супертрејд додатно ке се анализираат примероците. По ова РКЕ ќе треба да одлучи дали ке им ја одземе лиценцата.

БИЛЈАНА НИКОЛОВСКА

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојкот на маркетите во Хрватска

Дејан Дејан

Најуспешните држави на светот се оние кои се пријатели и соработуваат со сите – пораки од светскио Економски форум во Давос

Дејан Дејан

Убедете ја Украина да дозволи транзит на руски гас – Орбан бара од ЕУ да интервенира кај властите во Киев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе