Македонија

Групата „ Учебници и настава мора да има“ на средба со вработени во кабинетот на Царовска

Нема резултат од денешната средба меѓу претставници на групата формирана против најавените дигитални учебници од септември во основното образование и надлежните од МОН. Поради други обврски, на средбата не се појави министерката Царовска,како и претставници од Бирото за развој на образованието. Тоа според претставниците на групата е навредливо за нив. Тие на средбата изнеле повеќе барања освен учењето од хартиени учебници, како и учество во изготвувањето на Предлог- Законот за учебници.

Хартиените учебници задолжително да останат во употреба за сите одделенија во основно и средно образование и изготвувањето протоколи за одрживање настава со физичко присуство, не се едиствените барања кои од групата „ Учебници и настава мора да има“, денеска им ги упатија на вработените во кабинетот на министерката за образование. На средбата,  од групата родители која се формира на социјалните мрежи против воведувањето дигитални учебници, побарале нивно вклучување во  изготвувањето на предлог Законот за учебници.

Тука имавме само претставници од МОН, кои што не беа компетентни да ни одговорат на сите точки. Требаше да има дел од групата од Бирото за развој на образованието и од СОНК. Одлучивме дека од идната недела ќе ги разгледаат нашите барања. Бараме да се стопира овој предлог Закон , да се отвори јавна дебата и расправа за истиот и ние да бидеме инволвирани во новите реформи – Драгана Спасевска- група „ Учебници и настава мора да има“.

Од МОН со одговор дека промените во основното образование се базираат на извршени анализи за квалитетот на образованието од меѓународни организации , по барање на наставниците и на многу генерации ученици, но и како резултат на глобалните образовни трендови.

Министерство за образование и наука: Министерството за образование и наука како и за сите останати реформски процеси, така и за Законот за учебници консултира и го слуша мислењето на сите засегнати страни. Сепак во носењето на законското решение, предност се дава на квалитет на наставата и повеќе бенефиции за младите, така што тоа не смее да биде причина за бојкот.

Групата изнела барања и за исклучување на родово сензитивното образование од основните училишта, да не се спојуваат 2 или повеќе предмети во еден, да се образложи кратењето на фондот на часови за некои од предметите  и да има инклузија на децата со попреченост.Од групата сметаат дека за реформите кои МОН ги најавува за од септември, само наставниците биле прашани, но не и учениците и родителите.Тие очекуваат одговор за нова средба со надлежните до понеделник, а доколку тоа не се случи најавуваат протести. Во меѓувреме, бојкотот на наставата е ставен во мирување.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дефект на главна цевка ќе ги секне чешмите – две третини од Скопје ќе остане без вода за пиење

Дејан Дејан

Адвокатите се спротивставија во Управниот суд: Требало да се спроведе јавно гласање, а не само јавна седница за избор на директор на академијата за судии и јавни обвинители

Дејан Дејан

Заврши партиската стража на ДУИ пред Уставен – партиите и денеска „ги скршија копјата“ околу Законот за употреба на јазиците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе