Свет Топ вести

САД испраќаат помош за Индија од 100 милиони долари за борба со пандемијата

САД и испраќаат на Индија залихи од повеќе од 100 милиони долари за да и помогнат во борбата против епидемијата со Ковид-19, соопшти Белата куќа. САД ќе испратат повеќе од 1.000 боци за кислород, единици за производство на кислород, 15 милиони маски N95, милион брзи дијагностички тестови и друга опрема што им е потребна на индиските болници, се вели во соопштението. Најавено е и испраќање на милиони вакцини.

„Исто како што Индија испраќаше помош до САД кога нашите болници имаа проблеми за време на пандемијата, САД се решени да и помогнат на Индија“, соопшти Белата куќа.

Индија со денови бележи нови црни рекорди – вчера повторно имаше повеќе од 300.000 новоинфицирани, со што бројот на заразени во Индија достигна речиси 18 милиони со повеќе од 200.000 смртни случаи.

Болниците се преполни и отфрлаат пациенти поради недостаток на кревети и резерви на кислород.

Европската унија, Велика Британија, Германија, Русија најавија помош за Индија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Превозниците од Западен Балкан ѝ поставија рок на ЕК за проблемот со возачи

Дејан Дејан

Јакимовски не оди во затвор на 2 јули

Дејан Дејан

Мај донесе пад за индустријата, производството намалено за 2 отсто

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе