Британија, земјата која има повеќе 40 милиони вакцинирани со прва доза, и е на врвот на светката листа, интензивно работи на истражување за мешање на вакцините од различни типови. Комбинирањето на вакцините може да пружи широк и долготраен имунитет против вирусот во сите варијанти и да воведе флексибилност во употребата на вакцините. Возрасните над 50 години кои примија прва доза од вакцината Фајзер или Астра Зенека може да се пријавата да учествуваат во изготвувањето на оваа студија. Нивната втора доза може да биде од Модерна и Новавак.
Главниот истражувач Метју Снејп, професор на универзитетот во Оксфорд, рече дека се регрутирани повеќе од 1.050 доброволци кои веќе примиле една доза Новавак во минатите осум до 12 недели, а повеќе од 800 луѓе веќе учествуваат во истражувањето и добиле две дози Фајзер, АстраЗенека или мешавина. Ако студијата биде успешна тоа ќе реши проблемот со недостатокот на вакцини и ќе го забрза процесот на имунизација.
Снабдувањето со вакцини можеби не е толку редовно, можеби ќе добиете голема испорака на една вакцина, а после неколку месеци голема испорака на друга вакцина. Нема да можете да го контролирате снабдувањето со првата и втората доза, можеби како некои други земји. Значи овие измешани распореди може да бидат клучни за примање на две дози за се поголем број луѓе на светот – Метју Снејп, професор на универзитетот во Оксфорд.
Британија почна да им нуди вакцина против коронавирусот на сите постари од 45 години, откако беше постигната целта најмалку една доза да добијат постарите од 50 години до средината на април. Дел од учесниците во истажувањето се подготвени да сторат се за да се најде излез од оваа ситуација, но дел се скептични во мешањето на дози на различни вакцини.
Само сакам да се вратам во нормала, па ако можам било што да помогнам, ќе го направам тоа. Затоа што навистина сакам да одам на одмор, да бидам искрен – Џулиан Локтон, учесник во истражувањето.
Не мислам дека повеќе би сакала двете дози да бидат од сита вакцина, да бидам искрена. Не знам зошто, мислам дека би се чувствувале многу попријатно ако се исти- вели една Британка.
Како и многу други земји така и Велика Британија има недостаток на вакцини, како резултат на одлуката на Индија да го запре извозот на вакцината Оксфорд-АстраЗенека. Британија нарача 30 милиони дози вакцини од Џонсон и Џонсон иако британската регулароти за лекови се уште ја немаат одобрено нејзината употреба. И Џонсон и Џонсон го одложи воведувањето на својата вакцина во Европа после американските истражувања за ретки случаи на згрутчување на крв. Британија овој месец ја започна имунизацијата на првите од 17 милиони дози вакцини од Модерна, иако досега најголем број граѓани беа вакцинирани АстраЗенека и Физер-БиоНТек.
Билјана Ставрова
