Вести Македонија Топ вести

Се шири корона вирусот во штипскиот затвор, Чавков пренесен во приватна болница

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков по влошувањето на здравствена состојба, а на барање на семејството попладнево е спроведен во приватна болница во Скопје. Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров вели дека Чавков вчера е хоспитализиран во штипскиот Ковид центар. Затворскиот лекар при редовниот преглед констатирал дека состојбата на Чавков се влошила и имал ниска сатурација. Ноќта ја поминал во штипската модуларна болница, каде бил ставен и на постојана кислородна поддршка. Утринава  по добиените информации, прегледи на Чавков од страна на инфектолозите било препорачано да се хоспитализари во некоја од приватните болници. Семејството побарало, по што веќе попладнево со затворско комбе е хоспитализиран на болнички третман во приватна болница во Скопје.

Инаку кластерот во штипскиот затвор деновиве се зголеми за уште двајца заразени осуденици, со што бројката се искачи на седум. Меѓу заразените се и Митко Пешов поранешен началник на полициските специјални сили и Никола Митревски Кољо, кој беше осомничена како еден од главните организатори на насилствата и упадот во Собранието на 27 ми април.

13 осуденици кои биле во контакт со заразените се во изолација и досега немаат развиено симптоми на коронавирусот. На лекување се и уште тројца вработени, кои се позитивни на Ковид 19.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе