Вести Македонија Топ вести

Нема нови рестриктивни мерки

Нема дополнување на мерките за заштита од коронавирусот, одлучила денеска Комисијата за заразни болести по увидот на епидемиолошката состојба .

– Утрово имаше состанок Комисијата за заразни болести и по увидот во епидемиолошката состојба во државата во моментов нема дополнување на мерките. Во сила остануваат веќе донесените мерки за заштита од вирусот, изјавија од Министерството за здравство.

Мерката за полицискиот час што е во сила во период од 22 часот навечер до 5 часот наутро, трае до 6 април. Забраната за движење во тој период во изминатото деноноќие ја прекршиле 22 лица,  а за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 571 прекршок.

Надлежните институции постијано апелираат на почитување на мерките за заштита со носење маски и одржување  дистанца, како и почитување на протоколите.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во земјава е 1537 и има околу 250 празни болнички кревети во ковид центрите.

Министерството за здравство вчера соопшти дека во претходното деноноќие се регистрирани нови 1.264 случаи со Ковид-19, 29 починати и 722 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 16.543.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Барањето на Македонија за гаранции за влез во ЕУ е невозможно, став на Мојсовска во Топ Тема

Дејан Дејан

Протестен марш на ДУИ против укинувањето на одлуката за преименување на десетина улици од 2007-ма година

Igor Trajkov

Пораките од Брисел се јасни: без уставни измени, земјата може многу малку да искористи од новите иницијативи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе