Македонија Најважни

Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Северна Македонија и ЕУ

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи 18. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Северна Македонија и ЕУ.

Како што објави собраниската прес-служба, на отворањето на виртуелниот состанок ќе се обратат  Андреас Шидер и Биљал Касами, во својство на копретседавачи на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и Европската Унија.

3а состојба на односите меѓу ЕУ и Северна Македонија со фокус на извонредната имплементација на правото на ЕУ, од име на Владата на С Македонија ќе говорат Никола Димитров, заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања и Бујар Османи министер за надворешни работи, во име на Владата на Северна Македонија. Од име на ЕУ ќе се обратат Ѓеновева Руиз Калавера, директорка за Западен Балкан, Генерален директорат за соседство и преговори за проширување, во име на Европската комисија и Ангелина Ајхорст, директорка за Западна Европа, Западен Балкан, Турција и Обединето Кралство, во име на Службата за надворешни работи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мојсовска: Досегашниот модел на проширување на ЕУ е неодржлив, потребен е нов пристап преку „прогресивно набљудување“ и влез во заедничкиот пазар

Дејан Дејан

Кацарска: ЕУ е под притисок да го редефинира проширувањето – Црна Гора и Албанија во фокусот на новите дипломатски иницијативи

Дејан Дејан

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа кај Плетвар во која животот го загуби едно лице – целосно блокиран сообраќајот

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе