Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 899 и има околу 330 празни болнички кревети во ковид центрите.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 38 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.
Во Штип 41 пациент, на инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 37 болни, а во Куманово има 75 хоспитализирани, во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 84, во ковид центарот во Гостивар 20, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 33 пациенти, во Кочани 9 во кичево 11, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 13.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 353 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 13 примени пациенти и 19 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен 1 пациент.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 52 пациент со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 125 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Вкупно 353 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 30 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.
