Култура

Затворено Кино Култура поради финансиски проблеми

Културните работници кои делуваа во објектот велат дека гаснењето е одраз на општеството кое нема слух за културата.

А, од Општина Центар велат дека идејата била Кино Култура да продолжи да работи самоодржливо и дека поради пандемијата која го намалила профитот, не можеле големите трошоци да ги покриваат.

Од почетокот на годината Кино Култура е под клуч. Причините за затворањето на објектот , во кој настани одржуваа претставници на нашата прогресивна уметничка и општествена сцена, се финансиски проблеми.

Отворен пред пет години како одговор на режимската култура на поранешната власт, Кино Култура сега веќе е историја.

Подршката од Општина Центар што започна за време на градоначалникот Андреј Жерновски, а продолжи со Саша Богдановиќ, се кратела од 4 на 2 милиони денари низ годините, велат од „ Локомотива“,  кои делуваа во објектот.

“Пред сe имавме донација од Општината Центар, која што за жал секоја година се намалуваше. Некако немавме со советниците некое разбирање дека навистина треба да се зголемат сретствата и да се најде начин да се одржува тој простор. Затоа што навистина беше специфичен, посебен и наменет простор за поширок развој на таа современа култура и уметност” – вели Билјана Тануровска – Ќулавковски, од ЦНИУК “Локомотива”.

Во Кино Култура работеше и независниот „ Театар на Навигаторот Цветко“, на режисерите Слободан Унковски и Ацо Поповски.

Унковски смета дека затворањето на просторот е показ за отсуството на слух за културата од државата и градот, особено сега кога е доставена кандидатурата за титулата „ Скопје- европска престолнина на културата“ , за 2028 година.

“Во овие 5 години , јас мислам дека се видов со сите луѓе , со кои требало да се видам. Од големи и моќни потенцијални спонзори до државни, разни функции. Немале слух. Очекував , знаејќи ги искуствата од други места , не да одам да барам, туку градот, државата , да ме поканат, да ми кажат, еве го овој простор, еве го буџетот, направи нешто што го правиш на други места” – изјави режисерот Слободан Унковски.

Од Општина Центар велат дека подршката се намалувала заради планот Кино Култура да стане самоодржлив, но и дека трошоците особено се зголемиле лани со неможноста да дојдат до финансии поради корона кризата.

Општината Центар ја отфрла споредбата со подршката за формирање на КСП „Јадро“, каде што, како што велат, се дел од партнерите, а за Кино Култура –главни финансиери.

Со згаснувањето на Кино Култура престанува со работа театарот на Унковски и Поповски, а „ Локомотива“ ,со партнери продолжува да преговара со Општина Центар за добивање друг простор.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Петар Андоновски: Книгите нема да го променат светот, но можат да го направат, подобро и поубаво место за живеење

Дејан Дејан

СКРМ: Како министерката ветуваше повисоки плати, без договор со Финансии ?

Дејан Дејан

Ниту плати, ниту зголемување за 12% во културата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе