Ковид19 Топ вести

Првиот случај на британскиот сој не ги вознемири младите битолчани

Првиот потврден случај  во Битола на британската мутација на КОВИД 19 кај еден од сопружниците кои се вратија од патување во Занзибар, Африка, не ги вознемири многу младите битолчaни.

Денеска на пладне кaфетериите беа исполнети до последно место, а голема раздвиженост имаше и низ битолски Широк Сокак, каде повеќето  од граѓаните носеа маски.

Повозрaсните веќе се загрижени од новонастанатата ситуација и стравуваат од нов бран на вирусот.

-Ние се чуваме постарите, младите се без маски. Не загрижува, ова е неверојатно, чудно е што не се чуваат сите доволно. Кафулињата се преполни, без маски. Не  е во ред да се патува, од таму се носат овие вируси, сами треба да си водиме сметка, велат анкетираните битолчани

Денеска се очекува да биде готова анализата во лабораторијата на МАНУ и на сопругот, за да се утврди со кој сој од вирусот е зарзен.

Тој од понеделникот е хоспитализарна во болнцата за нефрологија во Струга поради влошена здравена состојба и проблеми со бубрезите.

Бил тестиран во Битола, но од Центарот за јавно здравје нема информација  дали тој имал контакти и е дали некој  ставен во изолација. Сопругата веднаш откакао се вртаиле во петкот од Африка  била префрлена во „8 Септември“ во Скопје, каде била и тестирана. Градоначалничката на Битола Наташа Петровска која и раководи со локалниот Кризен  штаб, вели дека ситуација се следи, во моментот нема простор за паника, но треба да сме претпазливи.

-Деновиве сме сведоци дека сепак човечкиот фактор е значаен и одговорноста на секој од нас е важна. И покрај тоа што велам дека немаме некој кризна ситуација упатувам апел да водиме сметка сите,  затоа што работите можат да се променат на дневна основа со мало невнимание, изјави Наташа Петровска – градоначалник на Битола

Британскиот сој досега е регистриран во неколку  градови низ земјава, а најголеми жаришта се Прилеп, Кавадарци и Охрид.

Во Битола бројот на заболени изминатиот период не беше голем,  но само во претходните три дена се регистриани над 60  позитивни на вирусот, а активни се над 200 случаи.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Израелските власти разгледувале опции за одмазднички напад врз Иран, но се повлекле од планот, тврдат медиуми во Израел и САД

Дејан Дејан

Американскиот Конгрес на 20 април ќе гласа за помошта за Украина и Израел

Дејан Дејан

Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе