Економија

Ново задолжување преку еврообврзница

700 милиони евра со каматна стапка од 1,625 одсто е последното задолжување на земјава. Се работи за рекордно ниска каматна стапка бидејќи инвеститорите имаат доверба во нашите политики, објаснува Министерството за финансии, по издавањето на осмата евро-обврзница.

Поголемиот дел ќе биде за враќање стари долгови, а 200 милиони ќе се искористат за финансирање на буџетскиот дефицит, односно за економски и здравствени мерки за справување со ковид-кризата.

Министерството за финансии проектира дека до крајот на годината, државниот долг ќе изнесува 53,2 одсто, а до 2025-та, 51 одсто.

Јавниот долг годинава би бил 63,4, а за 4 години  58,8 одсто од БДП., значи под Мастришкиот критериум.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека во 2020-та јавниот долг веќе го надмина Мастришкиот праг од 60 одсто.

-Македонија денес е банкротирана држава. Во 2021-ва само за камати ќе исплати повеќе од 120 милиони евра, или, секој граѓанин ќе плати 600 евра само за камата. Но дали граѓаните знаат за што ќе ги дадат овие пари? Секако дека НЕ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Планирано е задолжување и на домашниот пазар од 300 милиони евра. Министерот Бесими очекува економскиот раст годинава да стигне до 4,1 одсто.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Димитриеска Кочоска: Линеарното покачување на пензиите не е собирање гласови

Дејан Дејан

До крајот на идната недела треба да се знае кој фирми ги исполнувата условите за нов снабдува со струја на домаќинствата

Дејан Дејан

Фирма од семејството на грчки Митилинеос, за 26 милиони евра ќе испорачува јаглен во РЕК Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе