Ковид19 Топ вести

ЕМА започна со процедурата за одобрување на руската вакцина во ЕУ

Европската агенција за лекови (ЕМА) започна со анализа на податоците за ефикасноста на руската вакцина против ковид 19.

Соопштението следува неколку дена откако Словачка стана втората земја членка на ЕУ по Унгарија која доби дози од вакцината Спутник В, иако нејзината употреба се уште не е одобрена од ЕМА.

Зелено светло за употреба против ширењето на Ковид-19 во земјите членки на Европската Унија, досега добија вакцините на Фајзер-Бионтек, АстраЗенека-Оксфорд и Модерна.

Според најавите, доколку ЕМА ја одобри употребата на Спутник В, Русија од јуни оваа година ќе достави вакцини за имунизирање на 50 милиони европски граѓани.

Истовремено, Германија го продолжи локдаунот воведен заради пандемијата коронавирус до 28-ми март , но и соопшти дека ќе олесни дел од рестрикциите со кои ќе им се дозволи на дел од продавниците и бизнисите да започнат со работа, во регионите кои се со релативно ниски стапки на ширење на инфекциите. По речиси 9 часовните разговори, канцеларката Меркел и гувернерите на 16-те региони се одлучија на мерки со кои сакаат да воспостават баланс меѓу новите вирулентни варијанти на вирусот и се погласните барања за враќање во нормален живот.

Според информациите од институтот Роберт Кох, германскиот центар за контрола на болести, околу 46% од минатонеделните случаи се од британската варијанта, за разлика од 22% неделата претходно.

 “Во наредните неколкуј дена, секако, ќе видиме како Британската мутација ќе стане доминантната мутација а оригиналниот вирус исчезнува. Токму затоа, ние сме во многу деликатна фаза. Затоа ќе биде и многу значајно сите други рестрикции и правила и сето она на што се навикнавме во пандемијата, се почитуваат целосно. Тестирањето не ни дозволува да престанеме да ги почитуваме правилата за дистанцирање и другите работи” – изјави Ангела Меркел.

Додека Германија во моментов се соочува со намален број нови инфекции, ситуацијата е критична во Чешката република.

Заради големиот број нови случаи, некои од регионалните болници во Чешка веќе немаат капацитет за лекување на болните од Ковид -19, принудувајќи ја владата во Прага да бара спас во соседните земји.

Германија ќе преземе 19 чешки пациенти,  уште 20 ќе бидат лекувани во Швајцарија , додека во тек се разговори и со Полска за лекување на 200 чешки граѓани.

Во Чешкат република се регистрирани повеќе од еден милион заразени со коронавирусот од почетокот на пандемијат и повеќе од 20 700-тини смртни случаи.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

48-часовен притвор за двајца од приведените во врска со убиството на лекарот Трпковски

Дејан Дејан

25 години затвор за „Кралто на крипто-валутите“ поради финансиска измама

Дејан Дејан

Над 20 повредени во автобуска несреќа во западна Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе