Македонија Топ вести

Родителите на Анѓел и убиецот се соочија на реконструкцијата за убиството во Ѓорче Петров

Скопско Ѓорче Петров, близу турската очна болница, седум години по убиството на местото на настанот повторно се одигруваше драма. За да се реконструира трагичниот настан утрово на исто место повторно се соочија родителите на жртвата со обвинтиот за убиството Насер Ештрефи кој го донесоа од затвор. Тука беа и обвинителот Дарко Јакимовски, судијата  која го води процесот Дијана Груевска и адвокати.

Што точно се случувало медиумските екипи тешко можеа да видат и слушнат оти судијката речиси целата реконструкција ја одигра далеку од очите на јавноста. но по она што можеше да се улови постојат две верзии на настанот. Првата е на обвинителстовото и таткото на жртвата кој е и единствениот сведок.

На 19 ти мај тогаш 18 годишниот Ештрефи го украл точакот на Анѓел и побегнал кон пешачкиот мост што води кон Сарај.

Токму таму се одвивала драмата кога според обвинителстовото обвинетиот извадил нож и го прободел Анѓел на десната страна на градниот кош. По тоа таткото на Ангел со дрвен стап го удирал но успеал да побегне. Снимките од очната болница кои подоцна беа објавени и се прикажуваа и во судница ги покажуваа последните мигови живот на Анѓел оти Таткото  до таму успеал да го довлечка.

Ножот со кој е извршено убиството не беше пронајден, а токму во начинот на кој всушност дошло до кобниот убод и кој прв почнал е разликата во приказната на обвинетиот. Сепак одбраната за сега остава судот да ја процени вистината.

Првостепената пресуда заврши со 14 години затвор за кражба и убиство, ја потврди и апелација но врховниот суд ја укина и нареди реконструкција. Сметаше дека хронологијата на дејствата и тоа кој прв нападнал можело да влијае врз исходот на процесот.

Инаку после овој настан и апсењето на Ештрефи избија протести за кои се стравуваше дека ќе предизвикаат ескалација на омразата по етничка основа.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Србија го екстрадира Саит Саитов кој во јануари усмрти жена во скопски Капиштец и избега од местото на настанот и од државата

Sasko Dimovski

Ти благодарам што истресе се од тебе – Тошковски кон Апасиев кој му ги посочи валканите партиски полицајци на расправата за неуспешната интерпелација

Sasko Dimovski

Еден активен, еден под контрола, седум изгаснати – денеска се регистрирани девет пожари

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе