Вести Ковид19 Свет Топ вести

168 милиони деца цела година не одат на училиште поради пандемијата

Откако беа затворени речиси цела година поради пандемијата, училиштата во Калифорнија и низ речиси цела Америка повторно се отвораат. Но со сроги протоколи. Маските мора да се носат, дури и за време на часовите по музичко. Вакцинацијата која во САД се одвива веќе трети месец значително го намали бројот на новозаболени од корона вирусот, па властите наметнаа план децата да се вратат во училишните клупи. За наставниците е големо олеснување со оглед на тешкотиите кои ги предизвика наставата на далечина.

Да ги гледам лично е прекрасно. Можам да забележам кој се мачи, додека на камера не можам да видам на кој му тешко. Прозорчињата се мали. Навистина можам да видам дека „ова дете навистина не разбира“. Не можеа да ги вратат камерите. Сега треба да се присутни и среќни се. Сите се смеат, вели наставничката по природни науки, Џенифер Бекер.

Америка како прва земја по бројот на починати од ковид забрзано се вакцинира. Но и како најбогата, прва ги резервира вакцините и прави залихи. Планот е да се имунизираат сите до крајот на мај, што е два месеци пред предвидениот рок. Веќе три месеци интензивно тече вакцинацијата во богатите земји. Израел, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија и САД полека ги ублажуваат мерките, децата се враќаат на училиште, но не и децата во сиромашните земји. 168 милиони училишни клупи се празни веќе цела година. УНИЦЕФ предупредува на катастрофалните последици за иднината на тие деца.

Една од најдраматичните последици на КОВИД е страшното страдање за децата и семејствата, бидејќи децата не можат да посетуваат училиште. Многумина, за среќа, имаа можност да го сторат тоа виртуаелно, но за симромашните популации без интернет конекција, имаме милиони луѓе кои не се на училиште. А тоа е трагедија, вели генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Најмногу се погодени 98 милиони деца во Латинска Америка и Карибите. Со секој изминат ден, овие деца заостануваат, а најмаргинализираните плаќаат најскапа цена. УНИЦЕФ предупредува дека затворените училишта во сиромашните земји може да ги принудат децата на детски брак или детски труд наместо часови. За да се зголеми свеста, за правилна распределба на вакцините во целиот свет, пред седиштето на ОН во Њујорк беше поставена училницата за пандемија. 168 празни клупи за 168 милиони деца во светот кои не одат на училиште.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Долго собирам материјал, а потоа пишувам во манично – трескавична состојба, открива Дејан Дуковски автор во фокусот на „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Трошоците за живот повисоки за околу 5 отсто, најмногу поскапеле транспортот и храната

Дејан Дејан

Се допреле со ретровизорите, па го чекале во грмушки и пукале кон него – двајца браќа во Шишево осомничени за обид за убиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе