Ковид19 Најважни

Пристигнува втората пратка вакцини од Србија

Денеска пристигнува втората пратка од осумте илјади вакцини кои Србија и ги донираше на Македонија. На граничниот премин Табановце, остатокот од вакцините на производителот Фајзер, ќе ги пречека минисерот за здравство Венко Филипче, а ќе ги предаде неговиот српски колега Златибор Лончар.

Со вакцините на „Фајзер“ кај нас почна процесот на имунизација, првично со вакцинирање на здравствените работници. Во модуларната болница во Скопје досега се вакцинирале 1274 медицински лица.

Следни за вакцинација се ризичните групи граѓани над 70 години.

Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ 63. 075 лица се пријавиле за вакцинација, а 39 003 граѓани преку матичен лекар, посочија вчера од Министерството за здравство.

До крајот на неделава се очекуваат и 200 000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“. Државата ќе порача дополнителни 100 000 вакцини „Спутник“, најави завчера премиерот Зоран Заев, кој рече дека се прават напори во земјава што поскоро да стасаат вакцини од сите производители.

Владата очекува преку КОВАКС механизмот да пристигнат вакцини од „Модерна“ и од „Астра Зенека“.

Во исчекување на новите вакцини, епидемиолошката слика и натаму стабилна, со исклучок на градовите Прилеп, Охрид и Кавадарци каде што, по појавата на британскиот сој на вирусот, се зголеми бројот на новозаразени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕФА бара од Бугарија, да се извини за сите злосторства врз македонското малцинство за време на комунистичкото владеење

Kristina Kuzmanovski

Стармер, Мерц и Макрон ја поддржаа идејата за преговори Украина – Русија

Kristina Kuzmanovski

Се огласија сирени во Тел Авив, нови напади меѓу Израел и Иран

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе