Вести Македонија

И Павле Трајанов по стапките на ЛДП, ќе настапува самостојно во Собранието

Павле Трајанов ќе делува како независен пратеник во Парламентот. За оваа одлука ќе го информира и собранискиот спикер Талат Џафери.Ова според него не значи напуштање на парламентарното мнозинство.Негира дека преговара со опозициската ВМРО ДПМНЕ. Деновите ќе се обидат заедно со двајцата пратеници од ЛДП и другите коалициски партии да формираат нова пратеничка група.

ДУИ се воздржува од какаков било коментар за обвинувањата на Трајанов за случувањата во партијата.Претседателот на ЛДП пак  Горан Милески смета дека со самостоен настап пратениците Моника Зајкова и Боби Мојсоски ќе може да ги реализираат партиските идеи и ставови.Одлуката била донесена летото 2020 година а сега само се ефектуирала.

Одлуката на ЛДП, премиерот Заев ја оцени како удар врз СДСМ затоа што била донесена во несоодветен тајминг. Ваквиот потег според него е повредување на коалицискиот и заеднички настап.За самостоен настап во Собранието размислуваат и во Беса кои во моментов имаат четворица пратеници.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

До крајот на идната недела треба да се знае кој фирми ги исполнувата условите за нов снабдува со струја на домаќинствата

Дејан Дејан

Фирма од семејството на грчки Митилинеос, за 26 милиони евра ќе испорачува јаглен во РЕК Битола

Дејан Дејан

Насилниците не запираат, а жртвите молчат од срам и трпат бидејќи немаат каде

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе