Македонија Топ вести

Матурата пред компромис?!

Матурантите да полагаат два екстерни испити, а за двата интерни да се изведе средна оценка од четирите години.Ова е компромисот што го нуди Парламентарниот Клуб за младински политики, а е прифатлив и за матурантите.

Парламентарниот Клуб на младински политики предложи и втора варијанта: да се полагаат четирите предмети по скратена програма, но за матурантите е поприфатлива првата.

Еден од пресудните фактори да се прифати оваа варијанта е тоа што сепак во игра остануваат четирите предмети, што значи дека нема да има пречки за запишување на матурантите на домашните и на странските универзитети. За ова сепак ќе се расправа и на ниво на Сојузот, по што ќе се донесе конечна одлука, а предлогот ќе биде испратен до МОН и владата.

На денешната дебата и претставниците на Министерството се изјасниле дека треба да се најде заеднички јазик со матурантите.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владика Петар: Внимавајте за кого ќе гласате за да не се случи „слепец слепи да води“

Дејан Дејан

Македонија го одбележува 5 мај – Денот на македонскиот јазик

Дејан Дејан

Митрески: Заедно и сплотени против сите предизвици и искушенија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе