Македонија Топ вести

Иницијативен одбор: Мицкоски нема капацитет да ја води партијата

Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ со нова реакција откако Централниот комитет на партијата не го прифати предлогот за свикување вонреден конгрес во март.

Од Инцијативниот одбор велат дека „се уште актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема капацитет да ја води партијата“ и додаваат дека „тоа резултира со видлива несигурност и немир, кои предизвикуваат панични реакции на ароганција, гнев и навреди кон сите оние што се охрабруваат да ја кажат вистината што ја гледа целата јавност“. Вистината е дека Мицкоски има погрешно поставени приоритети, а личните, лукративни интереси му се поважни од партиските и државните.  Oд Иницијативниот одбор посочуваат дека Мицкоски, наместо да даде отчет, ги навредува и оние што го гласаа на чело на партијата во 2017 година.

Се огласија од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои преку соопштение го поддржаа Мицкоски, и укажаа дека треба целосно да се почитуваат одредбите од Статутот на партијата, без да се дозволи негова злоупотреба од страна на кои било поединци или групи.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

ДИК ги објави првите официјални резултати од претседателските и парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе