Економија Топ вести

Злопотреби со Ектралесното масло за домаќинство  

Злоупотребите со Екстраленото масло за домаќинство добиваат на интензитет во изминатиот период. Тоа се гледа од зголемената потрошувачка на овој енергенс – откако на сила стапи старото законско решение со кое е оставен простор овој енергенс како поевтин од дизелот да завршува во резервоарите на автомобилите наместо да се користи за греење во домаќинставата. Законските измени што треба да стават крај на децениските злоупотреби што се на штета на буџетот и на животната средина – се заглавени во Собрание.

Во изминатите три недели во земјава повторно е оставен простор за злоупотреби со Екстраленото масло за домаќинство на штета на буџетот и на животната средина. Овој енергенс, како поевтин од дизелот повторно завршува во резервоарите на автомобилите наместо да се користи за греење во домаќинствата. Дека ваквата пракса продолжува укажуваат и информациите според кои само во овие три недели неколкукратно е зголемена продажбата токму на овој енергенс.

Ваквата можност се отвори откако заврши важноста на Уредбата со која акцизата на Екстралесното масло се изедначи со таа на дизелот и на тој начин се спречија злоупотребите. Но, ова решение беше краткорочно со оглед дека Уредбата важеше само седум месеци, а иако истата сега е преточена во законско решение, проблемот се провлекува со тоа што токму законските измени се заглавени во Собрание. Иако се носат по скратена постапка, измените станаа заложници токму на игрите меѓу власта и опозицијата во Собранието.

А токму Владата на 71-вата седница кога ја донесе Уредбата со која се изедначи акцизата на маслото за греење со акцизата на маслото кое се користи како погонско гориво, ја објаснуваше со став дека:

Влада на РСМ: „На тој начин да се оневозможи злоупотребата на користењето на гасното масло за греење спротивно на неговата намена. Притоа, истото ќе овозможи и сузбивање на сивата економија, заштита на животната средина, заштита на потрошувачите и пазарот од нелојална конкуренција и ќе се отстранат причините кои го оштетуваа Буџетот на Државата, граѓаните како и компаниите кои работат со нафтени деривати.“

Со оглед дека штетените последици од злоупотребите на Екстралесното масло на домаќинство се констатирани од речиси сите надлжени институции а ги поосочува и Владата, нејасно е зошто повторно се остава долг временски период за злоупотреби и во чиј интерес се истите? Од Регулаторната комисија за енергетика посочија дека во периодот кога акацизата на екстралесното беше изедначена со таа на дизелот потрошувачката на екстраленсото масло за домаќинство е намалена за околу 40 отсто што укажува дека малверзациите се спречени а се зголемени приливите во буџетот.

Наташа Стојановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО) Превртен автомобил наопаку сообраќајка на Партизанска

Дејан Дејан

30 километри пруга кон Бељаковце од денеска во функција

Дејан Дејан

Трагичен инцидент на железничка станица: Тинејџер е во критична состојба по струен удар, МВР истражува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе