Македонија

СДСМ: Милошоски да даде оставка од функцијата пратеник во Собранието

СДСМ бара оставка од пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

„Пратеник кој ги лажел граѓаните со години, кој се уште не ја зборува вистината пред нив, не е достоен да биде народен претставник. Пред народот, Антонијо Милошоски мора да понесе морална одговорност за скандалот, потврден од јавно објавени документи, да им се извини на граѓаните и да поднесе оставка. Голем е срамот за него, за неговиот Христијан Мицкоски, за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Еве еден од јавно објавените документи. Листа од казнена евиденција за лицето Антонијо Милошоски. Јасно стои дека Милошоски бил осуден и казнет во Германија за сторени кривични дела „Кражба“ и „Фалсификување на исправи“. Замислете „кражба“, „фалсификување“. Па со кое лице Милошоски ќе зборува во Собранието, со кое лице ќе им излезе пред очи на граѓаните?“, рече на прес-конференција, Миле Талески, пратеник на СДСМ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Претседателката Сиљановска за судските реформи: Без финансиски средства нема независно судство

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Владеачкото мнозинство ги одбива амандманите за Закон за судска служба

Дејан Дејан

Земјоделците да се внимателни кога наводнуваат и користат механизација во близина на далекуводи – последиците можат да се сериозни предупредија од АД Мепсо

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе