Македонија Топ вести

Игор Спасов бил уапсен во Софија поради семејно насилство

Игор Спасов бил приведен по пријава за семејно насилство, потврдија полициски извори за Бугарското национално радио, јави дописникот на МИА од Софија.

За време на увидот од бугарската полиција било утврдено дека тој бил баран од Интерпол. Игор Спасов влегол во Бугарија од Турција пред извесно време.

Бугарското Министерство за внатрешни работи потврди дека Игор Спасов е приведен од бугарската полиција во понеделникот, но не сакаше да каже каква ќе биде постапката понатаму.

Поранешниот полицаец Игор Спасов  осуден за убиството на Мартин Нешкоски, кој се бараше со меѓународна потерница, уапсен е вчера во поппладневните часови во  населбата Младост во Софија од страна на бугарската полиција по добиена дојава, претходно  јави Бугарското национално радио БНР, пренесува дописникот на МИА од Софија. Веста за апсењето на Спасов синоќа ја потврдија за МИА од нашето МВР,

Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на плоштадот во Скопје на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година.

МВР распиша меѓународна потерница за Спасов на крајот на октомври 2019 година откако тој не се врати во затворот по завршување на лекувањето. Тој се бара за доиздржување на казна затвор од седум години  и три месеци, стои на веб страницата на нашето МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во израелски напад загина снимател на Ал Џезира

Дејан Дејан

Пронајден возачот што удри девојче и избега од местото на несреќата

Дејан Дејан

Крвава ноќ во Запорожје: Петмина загинати во жестоки напади

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе