Македонија Топ вести

Гинекологот од Струга сè уште не е разрешен – надлежните чекаат стручен надзор на неговата работа

Директорот на струшката болница Асани сè уште не е разрешен од надлежните институции иако во јавноста веќе има реакции и повици за одговорност. Во Лекарската комора на Македонија работат на извештајот во кој се проверува работата на гинекологот. Државниот санитарен и здравствен инспекторат веќе покрена и постапка пред Обвинителството. Во домот на директорот е пронајдена ординација – а, задача на државните органи е понатаму да постапуваат, повикува поранешниот антикорупционер Драган Малиновски.

„Дали може некој поединец кој се однесува така и врши недозволена дејност во некој објект, доколку тоа се потврди – прашањето е дали може да ја извршува и функцијата директор, што е прашање на политичка проценка и за тоа треба да се донесе соодветна одлука. Доколку се потврдат информациите кои беа споделени во јавноста дека директорот на струшката функција извршувал и друга функција и тоа нерегистрирана здравствена заштита пружал во некој друг објект, во таа ситуација немаме судир на интереси и тоа имаме злоупотреба или вршење на дејност кое е спротивно на прописите од здравствената заштита“ – Драган Малиновски – Поранешен антикорупционер.

Именувањето и разрешувањето на директори на болници е надлежност на министерот за здравство. А, министерот Филипче на ова прашање го дели ставот со неговиот колега од Владата, Љупчо Николовски – одлука ќе се носи откако Лекарската комора ќе заврши со стручниот надзор на работата.

„Го чекаме извештајот од стручниот надзор. Сакаме да се комплетира документацијата. Тогаш кога ќе биде готов извештајот, ќе одлучуваме“ – Венко Филипче – Министер за здравство.

Инаку, гинеколошката ординација на докторот Асани била нерегистрирана и тој таму со години извршувал прегледи без дозвола. Откако завчера Државниот санитарен и здравствен инспекторат издаде забрана за работа на ординацијата во неговиот дом, од Владата синоќа го повикале на разговор.

 Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е само почеток на заеднички настапи на нашите оркестри – рекоа од македонската, софиската и грчката филхармонија пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе