Македонија Топ вести

Алијанса и алтенатива се повлекоа од поставување пратенички прашања

Денот предвиден за пратенички прашања се претвори во преписка на албанската опозиција со собранискиот спикер Џафери за редоследот на пратениците  кои треба да поставуваат прашања.Поради неприфаќањето на барањето Зијадин Села прв да застане на собраниската говорница, пратеничката група Алијанса на Албанците-Алтернатива се повлече од списокот и најави дека во иднина нема да дозволи да се одржат седници за пратенички прашања доколку нивниот претставник не биде втор за збор.

По неколку часовното натегање и паузите за редоследот на пратениците кои треба да постават пратенички прашања,  опозицијата од албанскиот политички блок ги повлече своите пратеници кои се пријавија за збор.Бараа лидерот на Алијансата Зијадин Села прв да се обрати од собраниската говорница што не беше прифатено од страна на собранискиот спикер Талат Џафери. Тој беше обвинет дека е гласноговорник на ДУИ и намерно ја блокира работата на опозицијата.

Претседтаелот на парламентот Талат Џафери рече дека во списокот кој му бил даден го немало името на Села за поставување пратеничко прашање.

Седницата со нови пратенички прашања ќе продолжи по дадената пауза.

Јулијана Пешевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е само почеток на заеднички настапи на нашите оркестри – рекоа од македонската, софиската и грчката филхармонија пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе