Вести Македонија Топ вести

Јанкуловска насилствата во Собранието ги следела од домашниот телевизор

На 27 ми април за време на упадот во собранието екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска била во својата канцеларија во седиштето на ВМРО -ДПМНЕ. Веднаш до неа се наоѓала и канцеларијата на обвинетиот Миле Јанакиевски со кој во текот на денот рече дека јаделе, пиеле и разговарарале на теми кои тогаш биле нивен интерес. Тој ден не комуницирала со обвинетиот Спиро Ристовски, сведочеше Јанкуловска за упадот во собранието, повикана од одбраната. Според неа тој ден во партијата не се случувало ништо невообичаено.

„Партијата никогаш не излезе со формален став за ова движење. Исто така одлука на извршниот комитет, во кој бев член, за поддршка на протестите не беше донесена“ – рече Јанкулоска.

Во 17 часот си заминала а на телевизија видела што се случува, бидејки како што рече една телевизија емитувала во живо од внатрешноста на Собранието. По, Јанкуловска на пултот за сведоци застана и Никола Тодоров, екс министер за здравство според кого во тој момент насилство најмалку му одговарало на ВМРО-ДПМНЕ, а раскажуваше и како им помагал на повредените колеги. И поранешната претседателка на унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова тврди дека немало апртиска одлука да се вмеша парртијата во протестите.

Дека не постои формална одлука на извршниот комитет на партијата за организација на насилствата потврди и обвинителкат Вилма Рсуковска, но затоа таа со материјални докази и сведцои ќе докаже дека упадот бил органзиран и смислен.

Обвинети се екс спикерот Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски, а на Никола Груевски не му се суди бидејќи е во бегство во Унгарија дека го организирале упадот во собранието, наведе во обвинението Вилма Русковска, против кое денеска со 17 сведоци, обвинетите се обидуваат да докажат дека граѓаните влегле спонтано.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Директор на детска градинка во Штип преку фиктивни фактури го оштетил буџетот за над 100 000 евра

Дејан Дејан

Притвор за 8 лица се бара за штетата на ФФМ од 3 милиони евра

Дејан Дејан

Построгите правила за игрите на среќа ги конфронтираа двете страни

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе