Вести Македонија Топ вести

Притвор за 8 лица се бара за штетата на ФФМ од 3 милиони евра

Притвор за поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓоргиоски и за уште 7 лица бара обвинителството во рамки на истрагата за 3 милиони евра штета на куќата на фудбалот преку незаконски исплати на фирми. За четворица осомничени се бараат мерки на претпазливост. Осомничен е и наследникот на Ѓоргисоки на функцијата Муамед Сејдини, кој од пред два месеци е зад решетки за друг случај со проневера во ФФМ. За време на мандатот на Ѓоргиоски од 2015 до јули 2018 година присвоени се два милиони евра, а откако фукцијата ја преземал Сејдини до октомври 2019 година присовени се близу 900 илјади евра.

„Прво и второосомничениот како службени лица претседатели на ФФМ имаат потпишано вкупно 728 платни налози кои што им биле доставени од страна на третоосомничената за потпис и за реализација“, изјави обвинителот кој ја води истрагата Фатон Азизи.

Третоосмничената е Олгица Младеновска која вршела манипулации со сметководствената евиденција на ФФМ. Се гони и раководител на Одделот за судии и судење, а останатите се управителите на фирмите. Младеновска во 2029 добила отказ од Сејдини, кој според информациите, се бранел дека не бил свесен што потпишува. Фирмите соработувале со ФФМ, но дел од стоките кои се исплаќале не биле испорачувани.

„Дел од паричните средства кои ги имаат добиено на незаконит и противзаконит начин ги имаат вметнато преку Олгица и истите да бидат потпишани од службените лица во својство на претседателите на ФФМ. Обезбедивме докази во предистражната постапка дека тие услуги за кои се издадени фактури никогаШш не стигнале до ФФМ“, додаде обвинителот.

Вкупно во истрагата опфатени се 18 лица и 8 фирми и се гонат за проневера во служба и перење пари. Три фирми се згаснати, но на листата на осомничени се нивните управители. Петмина осомничени не се достапни на органите на прогон. Кривичната пријава од страна на Финансиската полиција е поднесена во 2020 година, а обвинителот Азизи започнал да работи на случајот во 2024 година откако го преземал од негов колега.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Директор на детска градинка во Штип преку фиктивни фактури го оштетил буџетот за над 100 000 евра

Дејан Дејан

Построгите правила за игрите на среќа ги конфронтираа двете страни

Дејан Дејан

Ги убивал, па мртви ги силувал, три од жртвите се убиени на Бадник – обвинение за серискиот убиец

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе