Вести Македонија Најважни

Почнуваат разговори за владина реконструкција – од Влада велат се работи за чувствителен процес

Имиња, позиции, оценки за сработеното. Денеска започнуваат разговорите за реконструкција на владините редови. Коалициските партнери седнуваат на маса, согласни дека има потреба од реформи и освежување. Пред два дена на 36-годишнината на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата и премиер Мицкоски, јасно порача дека не е задоволен од работата на дел од функционерите. Министри и директори се оддалечиле од граѓаните и станале недостапни, оцени премиерот и децидно кажа дека има нулта толеранција за неодговорност. Кој ќе остане, а кој ќе си замине од Владата, би можело да стане појасно веќе во наредните денови. Петок и сабота се резервирани за средбите на ВМРО-ДПМНЕ со Вреди и ЗНАМ.

„Со оглед на тоа што разговорите се во рана фаза и станува збор за чувствителен процес кој бара сериозен и одговорен пристап, во овој момент не би навлегувале во дополнителни детали. Штом бидат постигнати конкретни договори и дефинирани решенија, јавноста ќе биде навремено и целосно информирана.“, велат од Владата.

Основниот критериум во процесот на реконструкција останува ефикасноста, достапноста кон граѓаните, исполнувањето на програмските цели и целосната посветеност на работата во интерес на народот, потенцираат од Владата. A, од опозицијата остро до власта – велат, не е ова реконструкција туку „козметичка операција“.

„Нова козметичка операција на тендер коалицијата која веќе две години ја држи Македонија во економски и политички колапс. Наместо реконструкција која ќе значи промена, добиваме театарска претстава во која Мицкоски и неговите сателити се обидуваат да ја продолжат истата политика на долгови, сиромаштија и изолација.“, велат од СДСМ.

Детали околу кадрите ќе има штом се постигнат договорите, а засега извесно е само дека вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи веќе нема да биде дел од владиниот кабинет, откако е прифатена неговата оставка.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничениот за палење на дипломатските возила ќе одговара за „Загрозување на лица под меѓународна заштита“

Дејан Дејан

Валентина Тодороска: Ако продолжи фрлањето отпад во Охридското езеро ќе го загубиме подводното културно наследство

Дејан Дејан

Првиот регулатор со предлог – банките, фондовите, фирмите да инвестираат во Чебрен, наместо да купуваат станови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе