Вести Македонија Топ вести

Се зголемува поддршката за членство во ЕУ, но и незадоволството од неа покажува анкетата на „Еврометар“

Се зголемува поддршката на граѓаните за членство во Европската унија од 53 проценти во 2023 на 58 оваа година. Главната причина на граѓаните за поддршка е подобриот животен стандар со 58 проценти, по што следат намалувањето на невработеноста и зголемување на демократијата. Губењето на идентитетот е најголемата причина против членство во ЕУ кај граѓаните, со 49 проценти. Вакво расположение на граѓаните покажа новата анкета „Еврометар“ на „Евротинк“, спроведена од „Брима“ со телефонска анкета на репрезентативен примерок од 1001 испитаник во периодот од 22 мај до 8 јуни годинава.

Истражувањето покажува и дека процентот на граѓани кои сметаат дека има демократија во земјава е зголемен за три проценти од 2023 до 2026, но за 17 проценти е намален бројот на граѓаните кои сметаат дека нема демократија во земјава од 56 на 39. Дека земјата се движи во погрешна насока сметаат околу 45 проценти од граѓаните, но удвоен е процентот на оние кои сметаат дека земјата се движи во вистинска насока од 2022 од  9 на 18 проценти.

„Како генерална една слика може да се забележи дека има подобрена перцепција во однос на демократијата и ов однос на тоа како се движат работите во државата. Се уште преовладувачкото чуство е негативно и за демократијата и за тоа како се движат, меѓутоа од 2023 година забележуваме значително поодбрување во тие перцепции. Значи помалку граѓани сметаат дека во погрешна насока се движи државата“, вели Димитар Николовски, извршен директор на „Евротинк“.

Дека ЕУ е најдобрата развојна алтернатива за земјава сметаат 66 проценти од граѓаните, што е за пет проценти повеќе од 2023, а за дури 13 проценти од 2023 е зголемен процентот на тие кои сметаат дека Македонија за пет години ќе стане членка на Унијата и сега во тоа веруваат 23 проценти. Анкетата покажала и дека се зголемил и процентот на оние кои сметаат дека ЕУ се однесува нефер, надмено и уценувачки кон земјава, од 56 на 60 проценти.

„Навистина тоа се малку контрадикторни податоци. Моето толкување на тоа е дека гледаме напредок на Црна Гора и Албанија, гледаме голем напредок на Украина и на Молдавија, и граѓаните сметаат дека ќе можеме некако да се протнеме во тој процес покракј овие држави“, вели Николовски.

Анкетата на „Евротинк“, со споредба на податоци од 2023 со тие годинава, генерално констатира умерено закрепнување на проевропските ставови и перцепции за демократијата, но без обновување на довербата во кредибилитетот на пристапниот процес.

Во контекст на надворешната политика 62 проценти од граѓаните не сметаат дека постои држава или меѓународна организација која е закана за државата. Од 36 проценти кои сметаат дека сепак постои надворешна закана за земјава, 74 проценти од нив таква закана гледаат во Бугарија. Најголем пријател на земјава 30 проценти гледаат во Србија, по што следат САД и Турција со малку под 8 проценти, додека во ЕУ и НАТО пријател гледаат само 1,5 односно 1,6 проценти од граѓаните. Дека земјата воопшто нема пријатели семтаат 21 процент.

Анкетата на Евротинк покажува и дека граѓаните за политичките теми најмногу се информираат од телевизиите, 59 проценти, додека социјалните мрежи се втор извор.

Тамара Грнчаровска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за 8 лица се бара за штетата на ФФМ од 3 милиони евра

Дејан Дејан

Построгите правила за игрите на среќа ги конфронтираа двете страни

Дејан Дејан

Ги убивал, па мртви ги силувал, три од жртвите се убиени на Бадник – обвинение за серискиот убиец

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе