Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја презеде истрагата за потпалувањето на двата автомобили на бугарски дипломати а осомничениот четириесет и четири годишен скопјанец нема да одговара за предизвикување на општа опасност туку за Загрозување лица под меѓународна заштита, односно член 420 од Кривичниот законик, каде предвидената казна е од најмалку една година „затвор.
Осомничениот скопјанец, во понеделникот, подметна пожар во два автомобили паркирани пред амбасадата на Бугарија во центарот на Скопје. Инцидентот беше снимен од безбедносните камери во амбасадата, тој беше идентификуван и за кусо време приведен а во полициската станица го призна делото.
Од Обвинителството соопштија дека фактот што станува збор за дело во кое се загрозени животите и безбедноста на дипломати ќе се бара продолжување на веќе изречениот осумдневен притвор за уште 30 дена.
