Македонија Топ вести

Сервер за ДКСК нема затоа што нема сервер-сала – ова е влезено и во извештајот на ревизорите од ЕУ

Нецели три месеци преостануваат за Антикорупциска да инсталира опрема доделена пред три години од Европската унија. Нема сервер-сала во постоечките простории на Комисијата, па нема ни простор каде да се смести серверот.

Оваа важна алатка без која борбата против корупцијата не може да се одржи според европските стандарди сега фаќа прашина во Министерството за правда.

А, со тоа се запознаени и одговорните ревизори кои не пропуштиле да направат проверка дали сета опрема којашто и е доделена на државата е искористена за намената за којашто добиена.

„Констатираа дека дел од опремата, овие сервери, не се користат за намената за којашто биле доделени. Тоа е влезено во извештајот на ревизорското тело коешто врши ревизија на претпристапните фондови и констатирано е дека ќе има потенцијално финансиско влијание доколку до определениот рок до 31 март не се инсталираат овие сервери“ за Телма изјави Билјана Ивановска – директорката на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Антикорупциска извиси со нови простории, на сметка на Министерството за политички систем на Артан Груби.

Сега преостанува еден начин – реконструкција на постоечките капацитети.

„Размислувавме како да се справиме со овој проблем и тогаш донесовме одлука да направиме реконструкција на постојните простории. За тоа Владата ни даде согласност и ни даде дел од потребните средства со ветување дека со ребалансот ќе се доисплатат понатаму потребните средства така што сега во отсуство на друго решение останува единствено ова решение. Меѓутоа ова решение го најдовме во услови кога бевме информирани дека во буџетот нема пари за купување на други простории“ изјави Билјана Ивановска, директор на ДКСК.

Одговарајќи на новинарски прашања премиерот Заев денес рече дека Владата не се откажува и понатаму ќе бара соодветна просторна можност за Антикорупциската комисија.

Со новиот Буџет за годинава на ДКСК едногласно и се одобрени 38 милиони денари за доопремување и модернизирање.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со бројни антологиски хитови остави неизбришлива трага во современата македонска музика – реакции по смртта на Владо Јаневски

Дејан Дејан

Ја задушил а потоа тврдел дека му се јавила во сон и му кажала каде да оди да ја спаси – обвинителството бара притвор за мажот кој два дена го криеше телото на сопругата

Дејан Дејан

Блокиран e главниот приод кон аеродрoмот поради сообраќајна несреќа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе