Македонија Топ вести

Антикорупциска извиси со нови простории за министерството за политички системи на Артан Груби

Државната комисија за спречување комисија ќе реновира стари простории, а новофомираното министерство за политички системи и односи со заедниците се сели во барокна зграда од проектот „Скопје 2014“ –та.

Домаќин беше првиот вицепремиер Артан Груби  а прв гостин премиерот Зоран Заев.

Министерството кое се „роди“ на темелите на Секретаријатот за спроведување рамковен договор ќе вдоми 40-тина постојано вработени, а над 1400 сеуште чекаат прераспределувања и работни задачи.

Владата го исплатила кредитот за зградата, а според Заев приоритет за вдомување имале владините органи, а потоа телата формирани од собранието, во одговор дали се штеди на борбата против корупцијата.

И по 4 години ветувања од владата, антикорупциска сеуште не може да го инсталира софтверот затоа што нема соодветни простории.

Со буџетот за наредната година, владата им одобри пари да реновираат, иако им беше ветен кат од барокното здание кај опера и балет.

Планирани се 16 вработувања, но според претседателката Билајна Ивановска, недоволни се заложбите на владата.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците со здружени сили и двотретинско мнозинство од 80 пратеници го оформија парламентарните партии на 27 март 2019 година, трансформирајќи го дотогашниот Секретаријат за спроведување на рамковниот договор.

Во него, има 1.406 вработени лица на чиишто плати се троши речиси целиот годишен буџет. За 2020 година буџетот на ова Министерство изнесува 9 милини евра за плати.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Ми се јави на сон и бараше да ја спасам“, вака се обидувал сопругот да ги убеди обвинителите по убиството на неговата жена

Дејан Дејан

Со бројни антологиски хитови остави неизбришлива трага во современата македонска музика – реакции по смртта на Владо Јаневски

Дејан Дејан

Ја задушил а потоа тврдел дека му се јавила во сон и му кажала каде да оди да ја спаси – обвинителството бара притвор за мажот кој два дена го криеше телото на сопругата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе