Вести Македонија Топ вести

2020-тата ја одбележаа низа потресни судбини, но и приказни со добар крај

Токму во годината што измина на штипското семејство Андонови здравјето им беше најважно. Со коронавирусот се соочија четири члена од  семејството, не знаат како влегол во нивниот дом, но 54 годишната Ели претпоставува дека си го нашол патот преку контактите од работното место.На почетокот  кластерите беа под контрола,  во април се формираше големиот текстилен кластер, но од фабриките излезле поради непочитувањето на мерките и занемарувајќи ги симптомите, па  во јуни  Штип стана голем кластер.

Ели е позитивен и ведар лик, болеста ја поминала дома со полесни симптоми, но нејзиниот сопруг потешко,  завршил на штипското Инфективното одделение, борејќи се за здив со помош на големите боци за кислород. Токму во тие моменти штипјани покажале солидарност и хуманост, кон пациентите од останатите градови на истокот.

Ели е и еден од хероите во битката со пандемијата, таа била и волонтер во штипскиот ковид центар и дарувала крвна плазма, за да се спаси човечки живот.

Третман на херои кои го имале од министерот Филипче и од вработените на трансфузиологија во Скопје, никогаш нема да го заборави. Единствена желба во 2021 година на семејството Андонови е никој да не се соочи со вирусот и со стравот животот на некој  да му виси  на конец од пајакова мрежа.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„ Ноќ поскапа од векот“ во кореографија на Игор Киров го отвора 40. издание на „ Будва град театар“

Дејан Дејан

Оосмничениот признал дека ги опожарил возилата на Бугарска амбасада

Дејан Дејан

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе