Вести Македонија Топ вести

Владата не смее да соопшти колку вакцини купила од „Фајзер“

Во февруари ќе почне испораката на вакцините од компанијата „Фајзер“, ќе продолжи во март а последните дози ќе бидат доставени во април. За колкава количина на вакцини станува збор останува тајна бидеќи така побарала фармацевтската компанија. Вакцините на „Фајзер“  ќе бидат дополнување на  веќе обезбедените 833 илјади дози преку Ковакс механизмот со кои ќе се вакцинираат над 400 илјади граѓани а за кои државата плати речиси 8 милиони евра и чија испорака се очекува да почне во март. Министерот Филипче е оптимист дека  имунизацијата на населението ќе биде успешна.

Според најавите, први ќе вакцинираат здравствените работници лицата над 65 години и хронично болните од ризични категории.

Состојбата со епидемијата на коронавирусот здравствените власти ја оценуваат како стабилна а во прилог на тоа одат бројките на заболени и на хоспитализирани кои се во пад. Во изминатите 24 часа во Ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 35 нови пациенти а вкупниот број на лица сомнителни и позитивни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели  е 348.

По подолго време на Инфективната клиника  има триесетина слободни кревети. Сепак над сто пациенти кои се во хоспитализирани на Клиниката се со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка.

Во Ковид центрите на Интерните клинки во моментов капацитетот е половично исполнет а хоспитализирани се 116 пациенти заболени од Ковид-19.

Од почетокот на епидемијата 2.503 лица ја загубија битката со вирусот а во 2021 година влеговме со над 19 илјади активни случаи од кои повеќето од половината 11 илјади се во Скопје, најголемото жариште на Ковид 19 во државата.

 

Огнерн Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„ Ноќ поскапа од векот“ во кореографија на Игор Киров го отвора 40. издание на „ Будва град театар“

Дејан Дејан

Оосмничениот признал дека ги опожарил возилата на Бугарска амбасада

Дејан Дејан

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе