Вести Македонија Топ вести

Државната помош ја ситнат банките и извршителите

Шест илјади денари или четири и пол илјади денари или ниту денар во џебот. Не сите граѓани кои беа селектирани со четвртиот пакет и кои треба да добијат шест илјади денари ќе ја земат државната помош. Банките и извршителите се двете пречки кои без разлика на тежината на состојбата и тајмингот побрзаа да си ги наплатат побарувачките кај граѓанитесо  блокирани сметки пред да биде исплатено било што.

Владата мораше да креира систем, со посебни наменски сметки како што беше во претходните пакети со платежни картички кои би биле надвор од досегот на банките, доверителите и извршителите, смета Ана Глигорова од здружението „Стоп за извршители“.

Денеска е претпоследниот ден од рокот во кој граѓаните мора да ги ажурираат податоците за да им биде исплатена помошта или пак да отворат подсметка доколку трансакциската им е блокирана. Утре истекува рокот кој го даде Владата а притоа не даде објаснување зошто траеше само неколку денови.

Пред експозитурите ги немаше турканиците од претходните денови. Барем не во Скопје. На социјалните мрежи пак се појавија фотографи од Куманово и Охрид каде последна грижа на граќаните им се мереките за заштита.

Повеќето од граѓаните кои чекаа во ред не беа тука заради државаната помош. Некои од нив се револтирани се поради гужвите кои настанаа и блокадата на експозитуите која траеше неколку дена.

Извршителите ќе ги вратат средствата од државната помош кои веќе биле повлечени од деблокираните сметки а за тоа примателот на помош ќе треба да поднесе барање и доказ до извершителот кој наплатил. Средствата за деболкирање на сметката остануваат кај банката. Комората на извршители излезе со препорака за времено деблокирање на сметките на граѓаните кои оствариле право на помош а по подигањето на средствата сметката повторно да се блокира.

Владата без прецизен одговор зошто не ја продолжи кампањата „купувај домашно“ и се одлучи вака да го спроведе пакетот државна помош. Оттаму велат дека рокот за ажурирање на податоци и отварање на подсметки се скратил бидејќи носењето на законот доцнело во Собранието но од друга страна пак затоа рокот во кој граѓаните може да ги подигнат и искористат средставата е неограничен.

„Владата напраВи се’ финансиската помош да стигне до оние на кои им е најпотребна, притоа ослободувајќи ги од сите административни процедури, Со тоа, убедени сме дека парите ќе бидат искористени за лична потрошувачка но истовремено ќе значи и поддршка на домашната екоонија што е особено важно во време на криза предизвикана од пандемијата“

Со државната помош од четвриот патект мерки се опфатени граѓани од ранливи категории на кои ќе им бидат исплатени вкушпнмо 27,6 милиони евра

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе