Македонија Топ вести

Притвор за проферот од Крушево, кој нападна 15-годишно девојче

Одредена е мерка притвор за 54 годишен професор во училиште во Крушево кој пред два дена во 10 часот извршил полови дејствија врз дете –негова ученичка на возраст од 15 години, која му била доверена заради учење.

„Кривичното дело осомничениот го сторил напаѓајќи го детето во училница, притоа оштетеното дете го оттурнало од себе и излегло од училницата“, се наведува во соопштението од Основното јавно обвинителство.

Оттаму посочуваат дека по поднесена кривична пријава од полицијата обвинителство во Прилеп донесе наредба за спроведување на истражна постапка против професорот поради постоење на основано сомневање дека го сторил кривичното дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 од Кривичниот законик. Судот со решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На клупа во парк во Шуто Оризари оставено бебе старо седум-осум месеци

Дејан Дејан

Поскапуваат кредитите? НБРМ ја качи основната каматна стапка

Дејан Дејан

КОД: Анонимно писмо го предвиде изборот на Синани во антидискриминација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе