Вести Македонија

Несреќа на автопатот Охрид-Кичево, тешко e повреден работник од Кина, a возачот е приведен

Возач од струшко удри во 46 годишниот Л.Ј од Кина кој работел на автопатот Охрид-Кичево и тешко го повреди. Повреден е и возачот.

Несреќата се случила вчера изутрина, кога возачот  управувајќи со мерцедес изгубил контрола над возилото, удрил во шахта а потоа и во работникот од Кина.

„На 15.06.2026 во 07:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на автопатот во изграда Охрид – Кичево, кај с.Оровник, општина Дебарца, К.Ш.(32) од с.Корошишта, струшко, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во шахта, а потоа во Л.Ј.(46) од Народна Република Кина, со престој во с.Извор, кој извршувал работни задачи на автопатот“, соопштија од МВР.

Во несреќата  тешко е повреден Л.Ј., а телесни повреди има и возачот на патничкото возило, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид.

По наредба на јавен обвинител, возачот К.Ш. е лишен од слобода, а увид извршила увидна екипа на СВР Охрид. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поскапуваат кредитите? НБРМ ја качи основната каматна стапка

Дејан Дејан

КОД: Анонимно писмо го предвиде изборот на Синани во антидискриминација

Дејан Дејан

Спречен е увоз на 23 тони пилешко месо од Бразил заради заштита од птичји грип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе