Мобилен царински тим спречи криумчарење на златен накит вреден 1,5 милиони денари
Случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин Блаце, кога инспектори од Одделението за оперативни работи, поради основано сомневање, извршија контрола на возило со кое управувал македонски државјанин.

При контролата е откриено кршено злато и златен накит со вкупна тежина од 324,7 грама, коишто лицето со намера да ги криумчари, ги завиткало во црна ќеса и ги сокрило во фиоката под возачкото седиште.

Случајот е предаден на Одделението за истраги, кое против сторителот И.М. поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
